Македонија

Мицотакис се пожалил во Брисел: Премиерот и претседателката директно го прекршуваат Договорот од Преспа

На вчерашниот Европски совет премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис на, ги информирал колгите за кршењето на Преспанскиот договор од страна на премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На прес-конференцијата, Мицотакис зборувал за односите на Грција и Македонија.

„Презедов иницијатива и ги информирав моите колеги во Европскиот совет за Северна Македонија, и фактот дека премиерот и претседателката директно го прекршуваат Договорот од Преспа. Тие го игнорираат во пракса ерга омнес, и избираат да користат друго име, а не уставното, дефинирано име“, вели Мицотакис.

„Јасно е дека ако Скопје инсистира на оваа линија, тоа ќе го направи тежок, а може и да го поништи секој процес на брза интеграција во европското семејство. Така што мислам дека на сите треба да им бидат јасни последиците“, изјави Мицотакис.

На почеток