Македонија

Петровска бара одложување на изборите за претседател на СДСМ, целиот процес бил нефер

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска на прес-конференција ги повика другите кандидати кои се претенденти за претседател на партијата во недела да се откажат изборите за избор на нов лидер на партијата.

Предлогит на Петровска е да се избере привремено партиско раководство кое ќе закаже нови внатрепартиски избори кога ќе се создадат услови за тоа.

Вели дека процесот за избор на претседател бил нефер. Таа наброја неколку причини зошто изборите не треба да се одржат.

Како главна причина таа смета дека регистрацијата на членовите не се вршела лично од самите членови, како и дека од некои од противкандидатите биле злоупотребени личните податоци на дел од членовите на партијата.

На почеток