Претседателката Сиљановска Давкова ja прими Kристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Kристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за подготвителните активности на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, што ќе се одржи под нејзино покровителство.
Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи го значењето на оваа престижна манифестација, како и реномето на Летната школа, истакна дека со актуелностa, имињата на предавачите, како и слушателите коишто присуствуваат дава голем придонес за македонската наука и култура.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година. Досега се одржани 56 летни школи и три зимски школи, на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот.