Македонија

(Видео) Повеќе се исплати да се работи како таксист, отколку како доктор во Брза помош: фалат минимум 100 работници

Итно мора да се средува состојбата во „Здрвствен дом-Скопје“, кои се надлежни за Брзата помош. Недостасуваат 150 лица да бидат вработени, за да има доволно медицински екипи. За ова, министерот за здравство, Арбен Таравари отворено зборуваше во поткастот „Претрес со Ландов“. Тој посочи дека ова мора да се надмине, како и дека граѓаните веќе сведочат дека Брзата помош воопшто не е брза.

„Мислам дека Здравствен дом, веднаш треба да се интервенира. Знам дека задоцнуваат со давање здравствени услуги. Повеќето кажуваат дека доцнат, но доаѓаат. Ќе мора да поставиме можеби уреди за да се следат автомобилите каде се движат и да се надгледува каде се даваат здравствени услуги, да се контролираат“, рече Таравари и додаде дека платите се прениски:

„Ми кажуваат дека плата на општ доктор добива 35.000 или 36.000 денари. Повеќе му се исплати да работи како таксист“.

Здравството тоне во проблеми, сите ги ставивме на маса во поткастот со Таравари:

На почеток