Македонија

(Видео) Изживување: Кучиња се фрлани во река од сограѓанин, алармираат од Струмица и Битола

„Во прилог видео каде грубо и нехумано, со цел изживување и нанесување на непотребна болка, доведувајќи ги до степен на агонија. Две мали кученца се фрлат во река од наш сограѓанин. Притоа снимајќи го чинот и го објавува на социалните мрежи за гледаност“, велат од здружението „Анимал Лаверс“.

„Ова не е прв пат да бидеме сведоци на вакви видеа, на жалост, сметаме дека неработењето на надлежните институции, како и законски одредените ниски казни дополнително го стимулираат ваквото психопатско однесување и многу поединци посегнуваат по изживување врз животни како тренд за објави на социални мрежи.

Апелираме до Владата на Република С.Македонија веднаш да постапи со измени и дополнувања во законот за благосостојба на животните и зголемување на казните. Исто, апелираме до Агенцијата за Храна и Ветеринарство за поголем ангажман во работењето кон постапување при пријави за мачење на животни“., стои во дописот од Наталија Иванова, претседател на Анимал Лаверс – Струмица и Леонардо Соколов, претставник на Анималс Воис – Битола.

На почеток