Македонија

Десет лица уапсени: еден во Центар, седум во велешко, двајца на „Ќафасан“

На 29.06.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Центар, во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во периодот од 22.30 часот на 29.06. до 01.20 часот на 30.06.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.И.(33) од Прилеп, И.Ш. (31) од Прилеп, Д.С. (22) од Пробиштип, Б.Б.(51) од село Василево, струмичко, С.А.(22) од Скопје, П.Т.(21) од Велес и С.М.(38) од Велес. При преглед кај лицата биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 29.06.2024 во 15.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Р.(36) и Л.Л.(32), двајцата од Р.Албанија, поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека се барале по распишана телеграма од ОВР Струга. Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

На почеток