Македонија

Два активни пожари од последното деноноќие

По неделната етапа на поројни локални дождови во целата држава веднаш имавме премин на етапа на пожари викендов. Имало 10 пожари на отворено во првото „викенд“ деноноќие (петок кон сабота), при што девет (9) биле целосно изгаснати и еден се уште се водел како активен: во Општина Василево, кај с.Добрашинци (ниска вегетација, ниска шума и грмушки), коишто ги загрози селата во тој струмички и радовишки регион и целодневно се дејствуваше со сили и од земја и од воздух со два полициски хеликоптери, а се догаснува и утрово – пожарникарите се од пред 05.00 часот на терен.

Конкретно, во последното деноноќие (недела кон понеделник), вкупно имало осум (8) пожари на отворено. Активни се уште се два пожара, а целосно се изгаснати шест пожари. Двата активни пожари на отворено што се уште се водат како активни се во Општина Василево, с.Доброшинци (каде што гори нискостеблеста шума и вегетација) и во Општина Прилеп, над населбата „Варош“ (каде што гори ниска вегетација).
Регионалниот ЦУК Струмица утрово известува дека вечерва имаше дежурни пожарникари во струмичкото село Сушево, од утрово веќе неколку часа се на терен струмичките и радовишките пожарникари. Инаку, во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 20 пожарникари, од ТППЕ Радовиш со 5 пожарникари и 2 ПП возила и околу 25 полицајци, а целодневно дејствуваа двата хеликоптера на МВР и се одбранија селата во тој регион.

Денеска, уште при разденувањето, е направената обиколка на теренот од екипи на ТППЕ Струмица и е утврдено дека нема активно горење. Од 05.00 часот ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 16 пожарникари се на место на пожарот вршат догасување на места што чадат и контрола на теренот. Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот на ниска вегетација зад населбата Варош (м.в. „Загра“) во Општина Прилеп, којшто започнал од пожар на патничко моторно возило во и бил изгаснат во долниот дел. Активен е крак од пожарот што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) и истиот се гаси во во утринските часови денеска и не преставува опасност за населени места. Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со 5 ПП возила од ТППЕ Прилеп и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, што пред полноќ беа повлечени од терен. Во моментов на терен се ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 5 пожарникари. Инаку, утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Општина Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен.

Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено, во општините: Неготино, Црвени Брегови (гореле иска вегетација и лозје); Виница, градот Виница (ниска вегетација);Берово, помеѓу Берово и Пехчево (ниска вегетација); с.Желино (ниска вегетација); Гостивар, с.Речане (ниска вегетација) и во Општина Шуто Оризари, во реонот на населбата „Шуто Оризари“ (ниска вегетација и ѓубре).

На почеток