Македонија

Страшна сообраќајка на патот Кичево-Охрид

Денес, нешто пред 20 часот, се случила уште една страотна и тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево-Охрид во непосредна близина кај селото Мешишта.

Во сообраќајната незгода учествувале две возила БМВ х5 и Ауди А4 со струшки регистарски таблици. На местото на несреќата има екипи од СВР Охрид, две возила брза помош. Имено, пожарникарите ги сечеле возилата за да помогнат да се извадат патниците.

Во моментов се врши увид, објавија дел од медиумите.

На почеток