🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Бајден за одлуката на Врховниот суд за Трамп: Никој не е над законот, па ни претседателот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Американскиот претседател Џозеф Бајден, по одлуката на американскиот Врховен суд со кој на Доналд Трамп и на другите претседатели им даде широк имунитет од кривично гонење, рече дека пресудата го поткопува владеењето на правото.

— реклама —

Судската одлука прави речиси сигурно дека Трамп нема да се соочи со судење во Вашингтон пред ноемвриските избори, на кои тој е републикански претседателски кандидат, за неговите постапки за време на насилните немири на 6 јануари 2021 година, јавува Гласот на Америка.

„Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД“, рече Бајден во Белата куќа.

— реклама —

За време на кусото обраќање, Бајден не ја спомна минатонеделната дебата или неговиот настап и не одговараше на прашања.

„Знам дека ќе ги почитувам ограничувањата на претседателската моќ како што ги имам веќе три и пол години, но секој претседател, вклучително и Доналд Трамп, сега ќе може слободно да го игнорира законот“, рече Бајден.

Вчера американскиот Врховен суд донесе историска пресуда за случајот на Доналд Трамп, кој побара тој суд да одлучи дали како поранешен претседател е имун од кривично гонење. Со 6 конзервативни гласа „за“ и 3 либерални гласа „против“, највисокиот суд во Америка одлучи дека поранешните претседатели имаат апсолутен имунитет од гонење за дела сторени додека биле на функција, додека немаат имунитет за дела извршени надвор од функцијата.

Врховниот суд на САД не одлучил сам како да го примени во случајот на Трамп, а судијата Џон Робертс рече дека за тоа треба да одлучуваат пониски судови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

orban-zele

Планот на ЕУ за руските пари не носи мир – „Глупава идеја што ја турка Унијата кон војна“, вели Орбан

Свет | пред 17 часа

media-libraryosfgopm6aj1naA4yGkQ

(Видео) Трамп ја прекројува историјата во Белата куќа: Навреди, теории на заговор и самофалење од Трамп за неговите претходници

Свет | пред 18 часа

media-library9pnpl354kgg0bnLbEAp

Гувернерот на Калифорнија му се потсмева на Трамп

Свет | пред 18 часа

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Трамп ја прошири забраната за влез: Сирија, Мали, Нигер и уште четири држави на удар од 2026 година

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања