Промени тема
Контакт

(Видео) Трамп ја прекројува историјата во Белата куќа: Навреди, теории на заговор и самофалење од Трамп за неговите претходници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryosfgopm6aj1naA4yGkQ

По враќањето на власт на 20 јануари 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп започна серија интервенции во Белата куќа, со кои не само што го промени изгледот на резиденцијата, туку и начинот на кој се претставува историјата на неговите претходници, пишува „Индипендент“.

На надворешниот ѕид од колонадата на Белата куќа е поставена таканаречената „Претседателска патека на славните“, каде се изложени портрети на сите американски претседатели, со нивни биографии на бронзени плочи. Иницијативата формално има за цел едукативна презентација на историјата, но содржината на дел од плочите предизвика силни реакции.

При првичното претставување на галеријата, портретот на Џо Бајден воопшто не беше поставен. Наместо него, беше изложена фотографија од автопен – уред за автоматско потпишување документи – со што се алудираше на тврдењата на Трамп дека неговиот демократски претходник страдал од деменција и не бил свесен за одлуките што ги потпишувал.

— реклама —

Подоцна, портретот на Бајден беше додаден, но под него се појавија плочи со исклучително негативен и навредлив опис. Во текстот, Бајден е означен како „најлошиот претседател во историјата на САД“, се тврди дека ја довел земјата „до работ на катастрофа“, повторно се пласира неоснованото тврдење дека изборите во 2020 година биле „украдени“, а тој е посочен и како главен виновник за руско-украинската војна што започна во 2022 година.

— реклама —

Сличен пристап е забележан и под портретот на Барак Обама. Во биографската белешка, првиот афроамерикански претседател е опишан како „една од најконтроверзните личности во историјата на земјата“, при што намерно е наведено и неговото средно име – Хусеин – со што, според критичарите, се потхрануваат стари теории на заговор за неговото потекло.

Во текстот се наведува дека за време на неговиот мандат Исламската држава се проширила на Блискиот Исток, Либија западнала во хаос, а Русија го анектирала Крим. На внатрешен план, Обама е обвинет дека ги „демонтирал малите бизниси и јагленокопите“ и дека ја „шпионирал“ кампањата на Трамп во 2016 година. Посебно е критикуван и Законот за здравствена заштита, кој е наречен „неефикасен“ и директно поврзан со изборните порази на Демократската партија.

— реклама —

Во споредба со Бајден и Обама, описот на Бил Клинтон е значително поблаг, со акцент на одлуки кои Трамп подоцна ги поништил, како што е трговскиот договор НАФТА.

— реклама —

Под сопствениот портрет, Доналд Трамп, очекувано, е прикажан во исклучително позитивно светло. Посебно се истакнува дека „преживеал два обиди за атентат“, дека „завршил осум војни за осум месеци“ и дека донел „трилиони долари инвестиции“ во САД – тврдења кои, како што наведува „Индипендент“, не се поткрепени со јасни докази.

Паралелно со историските интервенции, Трамп значително го променил и физичкиот изглед на Белата куќа. Дел од објектот бил срушен за да се изгради голема балска сала, зголемен е бројот на позлатени украси, а просторот е исполнет со негови портрети – практика што е спротивна на долгогодишниот политички обичај, според кој актуелниот претседател не поставува свој портрет додека е на функција.

Со овие потези, оценуваат критичарите, Белата куќа сè повеќе наликува на личен простор на Доналд Трамп, а помалку на институционален симбол на американската демократија и нејзината историја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 24 минути

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања