Земјотрес во БиХ, се почувствувал во повеќе градови: „Мебелот ни се тресеше“

Од
Објавено на

Силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди БиХ.
Епицентарот бил во близина на Зеница.
На веб-страницата на ЕМСЦ луѓето пишуваат дека овој земјотрес силно бил почувствуван и во Какањ, Криваја, Теслиќ, Долац, Тузла и Градачац.
,,Удри силно, мебелот ни се тресеше“, напиша еден Зеница.
,,Кратко, но силно“, напиша еден од Травње.
Луѓето пишуваат дека тресењето се почувствувало и на повисоките катови од зградите.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
