Свет

Нетанјаху оди кај Бајден во Вашингтон: Се подготвува состанок во Белата куќа

Само 15 отсто од Израелците сакаат Нетанјаху да остане премиер по војната

Американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува да се сретнат во Вашингтон кон крајот на јули, кога израелскиот лидер ќе дојде да се обрати пред американскиот Конгрес за војната што неговата земја ја води во Газа против палестинскиот Хамас, изјави претставник на Белата куќа за Си-Ен-Ен.

Предвидено е Нетанјаху да се обрати пред американскиот Конгрес на 24 јули за време на посетата на Вашингтон.

Тој ќе зборува на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот.

Американските и израелските официјални лица се уште се во процес на разработка на логистички детали за средбата меѓу Бајден и Нетанјаху, која најверојатно ќе се одржи во Белата куќа, изјави изворот.

На почеток