Свет

Моќниот ураган продолжува да одзема животи: Жена загина во Јамајка, Берил се упати кон Мексико

Моќниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува Би-Би-Си.

Според Си-Ен-Ен, една жена загинала на Јамајка откако дрво паднало врз нејзината куќа.

Берил, бура од четврта категорија со ветрови до 215 километри на час, го погоди јужниот брег на Јамајка.

Ураганот, пред да падне на копното на Јамајка, уби најмалку седум лица – три во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.

На почеток