ОО

Делегација на Грција во работна посета на Охрид

Делегација од Костур-Р. Грција, предводена од Вице Гувернерот Димитриос Савополус, претставници од Археолошкиот завод за антиквитети, од Регионалниот фонд за развој и советници од градоначалникот беа во работна посета на Општина Охрид.

Гостите од Грција ги прими претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

Целта на средбата беше воспоставување соработка меѓу соседните области коишто имааат слични карактеристики. Воспоставување комуникации и спопделување корисни практики кои во иднина би овозможиле реализирање на заеднички проекти.

На состанокот се разговараше за туристичките ориентации на Охрид како најголем туристички центар во државава, бројот на странски туристи и културни карактеристики на градот како и инфраструктурните предизвици со кои се соочува.

На почеток