Марија Андоновска нов директор на Институтот за јавно здравје
Од
Објавено на
Две здравствени установи добија нови директори.
Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.
На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8-ми Септември“ доаѓа доктор Синиша Стојаноски.
Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.
Следната недела се очелука промена на директорите и во другите здравствени установи.