Македонија

Страв од вирусот „метапневмовирус“ не е потребен, а амбулантите се полни со пациенти болни од грип, а и со бактерии

Во Македонија до сега не се пријавени случаи на зараза со човечки метапневмовирус (HMPV), но вирусот веќе предизвика внимание во соседните земји, конкретно во Грција и на глобално ниво. Во изјава за Фактор, портпаролот на Комисијата за зарасни болести, д-р Злате Мехмедовиќ потврди дека вели дека немаме потврден случај на овој респираторен вирус и според него нема потреба од паника.

„Нема потенцијал за предизвикување на пандемија налик на пандемијата предзивикана со SARS Cov2 вирусот“, вели Мехмедовиќ.

Истовремено, матичниот доктор Драган Ѓоргиевски алармира дека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип, а и со бактерии и пневмонии. Истовремено, нотира дека термини за рентген во Скопје – не се наоѓаат.

„Една констатација за денешниот работен ден. Преполни амбуланти со пациенти болни од грип, а богами и со бактерии, бронхитис и пневмонии. И гледај, имаш наод на слушалка, имаш влошена лабораторија за клиничка слика и нели по правилници за пневмонија и за боледување е потребно рентген наод. И почнувам од најблиската поликлиника Јане Санданскки (рентген апаратот не работел). Клиника за радиологија ги блокирала итните упати. Инаку пневмонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8 Септември исто. Ги проверив сите поликлиники, Идадија, Букурешт, Чаир, Битпазар и итен упат не дозволи. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо, не работеле со итни упати, имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денеска 90 луѓе прегледав во една смена и никој не ме праша дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во градот Скопје на државно да се направи рентген наод? Во сезона на грип и едно чудо пневмонии сите до една поликлиники низ градот блокирани, мислам крајно некоректно. Што ни останува на сите со наоди, да ги пратиме на Инфективна клиника и нека се создаваат колони дури и тие не ги блокираат упатите?“, прашува матичниот доктор Драган Ѓоргиевски.

На почеток