Свет

Летовите за Катанија се одложени по ерупцијата на вулканот Етна

(Видео) Забележана е вулканска активност на Филипините, властите ги затворија училиштата

Летовите за Катанија се одложени, по ерупцијата на вулканот Етна. Аеродромот во овој италијански град во моментов е затворен, а во текот на денот се очекува нормализирање на воздушниот сообраќај.

Иако аеродромот во Катанија најави ново очекувано време за слетување, и тој може да биде поместен поради последиците од вулканската активност. Поточно, без разлика што утринава заврши еруптивната активност на вулканот Етна и кога беше исфрлено големо количество пепел, поради што некои делови од аеродромот беа затворени.

Летовите ќе продолжат откако ќе се исчисти вулканската пепел, а во моментов се проценува дека летовите би можеле да продолжат околу 15 часот по локално време.

На почеток