Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места


,,За нас претставува посебна чест и задоволство што можеме еве после нецели би рекол две недели да посакаме добредојде на уште една инвестиција којашто како што кажа господинот е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти центар нешто кое што до сега недостасува или многу малку го има.
И она кое што за нас е значајно што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз но исто така и самата инвестиција којашто очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините коишто следат.
Исто така сакам да кажам дека самата компанија е лидер на пазарот во Германија и таму отприлика е присутна со околу 25% од истиот и нешто кое што претставува значајна препорака за нас, бидејќи очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.
