Македонија

Мицкоски: Тука нема играње, ние први го запоседнуваме теренот, јас така работам

Ја раскажувавме вистинската вистина за Македонија во Вашинготн, вели премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од десет дневната тура. Тој посочи дека таму ја испратил пораката дека Македонија 20 години не може да мрдне бидејќи некој треба да решава работи од 10 век во 21 век. Мицкоски рече: „Може да испишете статус, нема да смени ништо. Но ако отидете таму, се борите и аргументирате – тоа е вистинскиот начин. Јас и натаму ќе се борам“.

„Сега во Вашингтон буквално на најголемиот настан на Републиканците разговарав со десетина луѓе. Таа е линијата, тоа е новото нормално кое доаѓа и ќе го преплави светот. Тука нема играње, ние први го запоседнуваме теренот. Тоа е мојот начин на работа, немаме втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот, па другите се редат зад тебе. Ние мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално. Таа е кампањата која јас ја водам. И мора да кажеме која е нашата фрустрација и болка“, рече Мицкоски.

Потоа, тој најави посета на Турција.

„Одам на приватен ручек со Ердгоан, за потврда на стратешкото партнерство. Одиме потоа во Будимпешта. Мораме да градиме сојузништво, ова е новото нормално“, додаде Мицкоски

На почеток