„Процедурата е тргната, нема застанување. Ќе го поминеме тоа“, вели Мицкоски за разрешувањето на Коцески

Од
Објавено на

Конечниот предлог за разрешување на државниот обвинтиел Љупчо Коцевски, сосе процедура, ќе се разгледува и гласа на следната владина седница која е закажана во вторник, односно за два дена. Тој најави дека процесот нема да застане, туку ќе заврши.
„Процедурата е тргната, нема застанување. Ќе го поминеме тоа“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека следен процес се интерпелациите во Судскиот совет.
„Тие два процеси не се во колизија, следно е Судски совет“, додаде Мицкоски.
