Осумнаесет пожари на отворено, гореле депонии и ѓубришта

Од
Објавено на

ЦУК информира дека имаше 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината.
Алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.
