Македонија

Мицкоски пред самитот на НАТО на средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора

Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон се сретна со претставници на македонската дијаспора.

На фотографиите кои ги објави Мицкоски на Фејсбук се гледа дека на состанокот од македонска страна, покрај премиерот присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерто за надворешни работи и трговија Тимчко Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски

,,Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора.

Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси.”, напиша Христијан Мицкоски.

На почеток