Скопје

Со возилото излетале од патот: Тешко повредена 27-годишна девојка, двајцата сопатници со полесни повреди

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

На 07.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток