Свет

Ураганот Берил го погоди крајбрежниот дел на Тексас, повеќе од 80.000 луѓе без струја

Ураганот Берил, кој сега е сила од прва категорија, денеска го погоди брегот на Тексас во близина на плажата Матагорда, соопшти Националниот центар за урагани (NHC).

Повеќе од 84.000 жители на Тексас останаа без струја поради ураганот, јави Си-Ен-Ен.

Ураганот ќе продолжи да носи обилни дождови, силни ветрови и торнада во поголемиот дел од Источен Тексас додека се движи понатаму кон копното денес.

„Предупредувањето за ураган опасно по живот е на сила за делови од Тексас“, соопшти NHC.

Закана од ураган е на сила за брегот на Тексас, од заливот Мескит север до Порт Боливар, пренесува АП.

Најмалку 11 луѓе ги загубија животите кога ураганот Берил претходно ги погоди Карибите.

Се очекува Берил да ослабне до тропска бура до утре да стигне до Арканзас.

На почеток