Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Фондацијата Конрад Аденауер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Даниел Браун, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и проектниот менаџер Давор Пашовски.

На средбата беше разговарано за активностите и проектите на Фондацијата Конрад Аденауер фокусирани на унапредувањето на демократијата, владеењето на правото, економскиот развој и зајакнувањето на граѓанското општество. Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од севкупната поддршка на фондацијата и плодната соработка во овие области, како едни од клучните предуслови за македонската евроинтеграција.

Осврнувајќи се на континуираниот придонес на фондацијата во организирањето на обуки, конференции и дебати посветени на младите, претседателката ја нагласи подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во реформските процеси на земјата и усогласувањето со европските стандарди.

На почеток