Македонија

Кривичен го одобри обвинението за осомничените за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата продолжува

Одобрено е обвинението против В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. таткото на Вања Ѓорчевска обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, по што следно е да почне судскиот процес.

„Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, за што, ценејќи го јавниот интерес за случајот, јавноста ќе биде благовремено известена. Во однос на повеќе новинарски прашања за постапката против прво осомничениот за двојното убиство – Љ.П., ја информираме јавноста дека постапката е сè уште во фаза на обвинителска истрага“, вели Судот.

Палевски минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, а во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор. Тој на 15 мај беше екстрадиран од Турција и спроведен во Истражниот затвор Шутка, а на 21 мај беше изведен пред судија на претходна постапка.

Ѓорчевска и Жежовски кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември.

На почеток