Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“
Основниот кривичен суд изрече затворски казни за петмина обвинети во случајот „Синџир“, кои вчера признаа вина. Тие се обвинети за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.
Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и 1.000 евра казна, додека мајката на првообвинетиот доби година и единаесет месеци затворска казна и уште 1.000 евра казна.
Останатите двајца обвинети, кои признаа вина, добија по две години затвор и по 1.000 евра казна.
Само еден од шестмината кои вчера пред Судот признаа вина, Јетон Каба доби условна казна затвор од две години, доколку не стори дело во следните пет години и казна од илјада евра.
За шест фирми чии застапници, исто така, вчера признаа вина судот изрече парични казни, но и забрани за учество во јавни повици и концесии.