Скопје

Спасени три 16-годишни момчиња: Биле заробени на островче до доцна во ноќта од надојдената река Треска

Сношти имаше спасувачка акција за извлекување три 16-годишни момчиња заробени на островче до доцна во ноќта, од надојдената Треска во Скопско од околу 19.00 часот па до околу 23.00 по добиена добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека три момчиња останале заробени на, на своевидно островче на средина во реката, заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот, нивото и силината на водата низ коритото на реката Треска.

За спасувањето беа ангажирани и специјални сили од МВР, а помагаа и мештани блиски на момчињата.

ЦУК, паралелно со кординирањето на спасувачката акција, итно побара директно од диспечерите во хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“ (браните) веднаш да го намалат истекот на вода со што се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Околу 23.00 часот од страна на дежурните од Полициска станица Сарај е добиено известување дека, по намалување на водостојот на реката специјалните тимови на МВР и селаните од с.Грчец, момчињата успешно и безбедно ги префрлиле со чамец по течението на реката, но од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги извести хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ за да можат непречено да произведуваат електрична енергија.

На почеток