Скопје

Ина Многуфина за вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец

,,Пазете вест: Општина Центар ќе добие полициска помош и асистенција во справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец.
Па тоа и е работа на полицијата не знам како е ова вест, справување со вандализам и сообраќаен хаос, што правеа до сеа ако дури сега ќе почнат со ова? Прегласната музика во Капиштец и таа наводна борба против истата каде гласачкото тело пати, а општинската администрација као наоѓа решение џанам немоќна е да ги заштити жителите од Центар, тинтири минтири. Па сега демек Општина Центар со опасна офанзива помогната од полицијата ќе одат и ќе намалат музика во Капиштец.

Пошто сами не можат да намалат, као не ги пуштаат на врата, немаат резервација. Немојте до толку да ја вреѓате интелигенцијата на народот, аман. Не е секоја неспособност можност за ПР.”, напиша Ина Многуфина на својот Фејсбук профил.

На почеток