Македонија

Ако некој не си поднесе оставка и не понесе одговорност за екоцид, тогаш ќути си Македонче, коментира Андоновски откако Вардариште пак ги труе скопјани

,,Вака изгледаат лагите на сегашните и поранешни градоначалници на Скопје, Аеродром, директори на Инспекторат за животна средина во врска со Вардариште.

Вардариште не е депонија повеќе од две децении, НО…упорно си функционира. Како?

Никој не се зафати да ја огради, постави надзор и обезбедување. Си стана во меѓувреме претоварна станица на Јавното комунално претпријатие. Господ знае дали за тоа има нечија согласност (Совет на Град Скопје, Градоначалник, Општина Гази Баба исл.)

Ако утре не падне некоја оставка или не понесе некој одговорност за овој екоцид, тогаш ќути си Македонче и чувај кубурот за не дај Боже.”, напиша Јован Андоновски, заменик народен правобранител.

На почеток