(Во живо) Ќе се појави ли Данела во „Претрес“: Екссоветникот ќе го „соголува“ нејзиното работење, ние ги тресеме нејзините реков-пореков
Градската мајка Данела бега од соочување со јавноста, но за нејзиното постапување постојат сведоци. Додека таа се крие, нејзиниот екссоветник Умејр Мухамеди, кој е дипломиран правник, за Арсовска ќе рече: „Господе, прости ни ги гревовите“.
Ќе ги анализираме тендерите, исплатите, платните списоци. Ќе го чуете и нечуеното.
Зошто е градот нефункционален? Зошто Данела има мускули само кога се заканува со тужби? Програмата остана парче хартија за рециклажа. Не се повлекува иако очигледно е дека нема моќ за нејзина реализација.
⚡️Арсовска бега од „Претрес“. Јавна покана и до неа, 21 часот, ја чекаме во нашето студио.
Следете нѐ во живо: