(Видео) Дивјаштво во Капиштец: млади хулигани уништуваат урбана опрема, чашата е прелиена
Вистинско дивјаштво од млади лица се случи во скопски Капиштец. Снимката која се појави на социјалните мрежи ги крена на нозе и институциите кои бараат лоцирање и итна одговорност. На неа се гледаат десетици хулигани кои уништуваат урбана опрема на градот.
Според локалната власт, односно Општина Центар, чашата е прелиена, обезбедени се снимки од околни објекти, а на потег е и полицијата.
Со јавна реакција се јави и првиот човек на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.
„Почитувани министри Тошковски и Јаневска, од вас се бара во најкус можен рок:
– ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ВАНДАЛИТЕ И НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ
– НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И
– УПАТУВАЊЕ НА ПРЕСТАПНИЦИТЕ ВО ПОПРАВЕН ДОМ ОД СЕПТЕМВРИ.
Секое морализирање и оправдување на овој злочин претставува злочин, сам по себе! No mercy!“, напиша Славески.