Свет

Хаос во Швајцарија: Маж со мачета повредил тројца соседи и тримесечно бебе

„Сторителот ги познавал своите жртви“: пукање во Швајцарија, двајца мртви

Маж вооружен со мачета нападнал неколку лица во Сент Гален, на североистокот на Швајцарија, при што повредил четири лица, меѓу кои и едно бебе, соопшти денеска полицијата.

Полицијата за нападот добила пријава во четвртокот по 21 часот и 30 минути. Осомничениот, 34-годишен Швајцарец, познат на полицијата поради психички нарушувања, се обидел да нападне трудница која дошла да го посети нејзиниот татко во таа зграда и го повредил нејзиниот 66-годишен татко кој се соочил со напаѓачот. објави АП.

Соседите кои забележале што се случува тргнале по напаѓачот кога тој излегувал од зградата, пред која повредил уште една 31-годишна станарка.

Таа жена била со своето тримесечно дете, кое исто така било повредено од напаѓачот, информираат од полицијата. Жителите успеале да го задржат напаѓачот до доаѓањето на полицијата која го привела, но во меѓувреме повредил уште едно лице.

Полицијата соопшти дека осомничениот и самиот се повредил. Никој од повредените не е во животна опасност. Истражителите откриле запалива течност и гас во станот на осомничениот, по што зградата била евакуирана.

To Top