(Видео) Нов хаос во затворот „Идризово“: Групна тепачка, „летаат“ железа, полицаец повреден

Од
Објавено на

НОВ ХАОС ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Групна тепачка во т.н. дел „амбуланта“, повреден е полицаец!
„Скопје1“ дојде до снимки од голема тепачка во затворот „Идризово“. Од неа се гледа пресметка помеѓу две групи, со фрлање на тврди предмети. Во еден момент, полицаец паѓа на земја, а друг му помага да го тргне од местото каде се случува насилството.
„Не фрлај бе, не фрлај“, се слуша како друг полициски службеник реагира.
Засега не е познато кои се групите и причината за ваквата пресметка. Ова е вторпат во краток период да има групна тепачка во најголемиот затвор во државава.
