Ново труњење со храна, сега во Гостивар: девет млади лица завршија во болница
Од
Објавено на
Девет млади пациенти се примени во гостиварската болница, по труење со храна. Според информациите кои ги добиле докторите, сите се хранеле во ист угостителски објект, а службата на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки и зела примероци за анализа.
Инфектологот Ратко Наумоски посочува дека сите затруени имале исти симптоми: повраќање, дијареја, изнемоштеност.
Затруените се пуштени на домшано лекување.
Ова е трето труење со храна за краток период. Претходно, затворени беа гостилница и сендвичара во Скопје.