Првото интервју на Доналд Трамп по обидот за атентат, откри што му го спасило животот
Поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат за американски претседател Доналд Трамп го даде првото интервју по обидот за атентат врз него.
Во интервју за Washington Examiner, Трамп рече дека се спасил од смртта со тоа што се оддалечил од толпата за да погледне во екранот што ги прикажува податоците што ги користел во својот говор.
„Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес, нели?
Трамп го имаше интервјуто додека беше на пат за Милвоки, каде од понеделник до четврток се одржува Националната конвенција на Републиканците.
„Ова е шанса да се зближи земјата. Ми беше дадена таа можност“, изјави поранешниот претседател.
Во интервју за Washington Examiner, тој се повика на Бог и изјави дека поради него е спасен.
„Ова е можност да се собере целата земја, дури и целиот свет. Говорот ќе биде многу поинаков, многу поинаков отколку што би бил пред два дена“, рече тој.
Трамп ја објасни сега веќе легендарната фотографија која очигледно ќе ги одбележи изборите.
Според него, тој ја кренал раката додека Тајната служба го одвела од бината за да им каже на луѓето таму дека е добро.
„И за Америка да оди напред, ние одиме напред, за да бидеме силни“, рече тој.