Скопје

Четири возила се судрија кај Железничка станица

Утрово четири возила се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.

Околу осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“,  пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила.

Полицијата во моментов врши увид. Нема пријавено повредени лица.

To Top