Македонија

(Видео) Две лица загинаа, тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани – едното возило се запалило

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес на експресниот пат Штип – Кочани, во близината на селото Тркање, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу две патнички возила, марка „пежо 3008“ и „фолксваген УП“. Едното од возилата по сообраќајката се запали, при што интервенираше кочанската пожарна единица за да го изгасне огнот. Едното лице од починатите е од Кочани, додека другото, кое е дистрибутивен работник од Скопје, е изгорен од огнените јазли.

На местото на несреќата интервенираа Итната медицинска помош од Кочани, ТППЕ – Кочани, како и полицијата. Сообраќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 07.03.2025 година, околу 14:00 часот, во СВР Штип била пријавена сообраќајната незгода. Според изјавите, двата возачи починале на местото на несреќата, а увидот е во тек. Оваа трагична несреќа потсетува на важноста на внимателното управување со возилата и почитувањето на сообраќајните правила.

На почеток