Македонија

(Фото) Како се справуваат со пожарите: и армиските припаднички од вториот пешадиски баталјон на терен

Два дена армијата работи на терен со ЦУК, полицијата, населението, доброволци на гаснење на девет пожари, а најкритично е на планината Серта бидејќи пожарот не може да се локализира поради лошиот терен, а се простира на три општини како четири самостојни пожари. Се очекува да пристигне помош и од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. На терен, се излезени и припадничките на Армијата, кои со лопати гаснат пожари.

„Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите“, објави Армијата..

Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка

– Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари.
1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( гори ниска вегетација и шума);
2 Општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);
3 Општина Штип, местено викано Патрик ( смрек, дабова шум.и мешовита шума)
4. Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки);
– Општина Ново Село над с.Бадилен, (борова шума);
– Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);
– Општина Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);
– Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) и во
– Општина Гевгелија,помеѓу с.Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).

Изганати целосно беа 17 пожари во последното деноноќие.

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почанаа да дејствува еден полициски хеликпотер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Се очекува по 10.00 часот да полетаат и два авиони од ДЗС. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и ќе информира подетално за меѓународната помош.

На почеток