Скопје

Стојкоски: Граѓаните може да очекуваат реализација на проекти низ целата територија на нашата општина

,,На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров мнозинството го усвои ребалансот на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2024 година.

Со овој ребаланс, буџетот се проширува за 68.894.320,00 денари со што се обезбедуваат повеќе средства за граѓаните, како и за инфраструктурни и капитални проекти со кои се подобруваат условите за живот во нашата општина.

Предвидуваме:

5.300.000 денари за тековно одржување на улици и патишта;

4.000.000 денари за инвестиции во улично осветлување;

2.000.000 денари за реконструкција на азбестен кров во ООУ “Страшо Пинџур”.

3.000.000 за чистење и одржување на каналите за одводнување;

Дополнителни:

4.000.000 денари за рехабилитација на улици и патишта;

3.000.000 денари за проектирање и планирање на нови капитални проекти;

10.000.000 денари за изградба и реконструкција на спортски и детски игралишта;

7.000.000 денари за набавка на софтвер за пресметка на даноци и ГИС софтвер за дигитализација на постапката за добивање на потребните информации за извод од план, со цел граѓаните да можат сами по електронски пат да извршат увид во состојбата на нивните парцели;

Целта на овие средства е во иднина да продолжиме да се грижиме за нашите граѓани и да создадеме услови за подобар и достоинствен живот.

Нашата обврска е да се грижиме, работиме и вложуваме за подобра општина. Доаѓа период на многу работа и реализирани проекти. Граѓаните може да очекуваат реализација на проекти низ целата територија на нашата општина.

Ѓорче Петров се менува!”, напиша Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

To Top