Македонија

(Видео) Прогнозата е 55-56 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, на митинзите излегуваат лица кои ги немам претходно видено, вели Стојкоски

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за митингот на ВМРО-ДПМНЕ во неговата општина.

„Ме издрадува тоа што по подолг период на години, видов лица кои ги немам забележано по митинзите. Тоа ми сигнализира дека ВМРО-ДПМНЕ има силна поддршка кај луѓето, има добро расположение, јас тоа го гледам и по активностите на терен, имаме рекорден број на активисти и ни се приклучуваат многу повеќе луѓе“, посочи Стојкоски.

Според него, тоа бил последниот позитивен сигнал, кој ќе биде нивна ѕвезда водилка во текот на кампањите.

На почеток