Ралф Шумахер призна дека е геј: Фотографијата со дечкото го шокираше светот
Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, помлад брат на седумкратниот светски шампион и великан на Ферари, Михаел, објави дека е хомосексуалец.
„Најубавото нешто во животот е кога покрај себе го имаш вистинскиот партнер со кој можеш да споделиш сè“, напиша тој под сликата на Инстаграм на која тој и друг маж со рацете еден околу друг гледаат зајдисонце над океанот.
Единствениот друг познат машки геј возач во историјата на Формула 1 беше Британецот Мајк Битлер, кој се тркаше од 1971 до 1973 и почина во 1988.
Ралф Шумахер (49) освои шест гран-при во 11-годишната кариера која ја заврши во 2007 година. Тој претходно беше во брак со Кора, со која го има синот Дејвид (22).
„Многу сум среќен што конечно најде некој со кој навистина се чувствуваш многу удобно и сигурно. Јас сум 100% со тебе татко и ти посакувам сѐ најдобро и честитки“, напиша Дејвид, синот на Шумахер на Инстаграм.