Свет

Бајден призна: Згрешив

Бајден го потпиша законот за доделување рекордни 886 милијарди долари за војската

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во интервју за вестите на Ен-Би-Си дека згрешил што ги охрабрил своите поддржувачи да го направат републиканскиот кандидат Доналд Трамп „своја мета“, но изјави дека насилната реторика е проблем што го има Трамп, а не тој.

„Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на него. Фокусирајте се на она што тој го прави, фокусирајте се на неговите политики, фокусирајте се на бројот на лаги што ги кажал во дебатата.” – изјави Бајден.

На 8 јули, Бајден, зборувајќи за неговиот лош настап во ТВ дебата, им кажа на донаторите дека има една задача, „да го победи Трамп“.

„Доста е да се зборува за ТВ дебатата. Тој треба да биде погоден во центарот“, рече тогаш Бајден, според Ројтерс.

Американскиот претседател е под зголемен притисок од неговите пратеници, донатори и активисти да се повлече од изборите по лошиот настап во дебатата со Трамп, но тој цврсто ја отфрли можноста да ја напушти претседателската трка.

Тој во интервјуто повтори дека нема да ја напушти претседателската трка, иако некои демократски лидери се скептични за победата на Бајден.

„Број еден, јас сум стар, но сум само три години постар од Трамп. За кратко време направив повеќе од кој било претседател“, рече Бајден.

Новата анкета спроведена од NBC News покажа дека Трамп води пред Бајден со два процентни поени.

На почеток