Македонија

Владата на Џафери донела заклучок кој правел штета на буџетот, а на неколку дена пред избор на нов состав

На седницата на Владата се донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи.

Овој заклучок бил усвоен на 13-ти јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија како и економската неисплатливост за реализација на истиот.

Најавено е дека за истиот заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

На почеток