Свет

Следните 48 часа врв на топлотниот бран во Грција: Акропол затворен поради екстремни горештини

Туристичкиот локалитет Акропол во Атина денеска од пладне до 17 часот ќе биде затворен поради екстремните температури, соопштија грчките власти.

Одлуката е донесена за заштита и на вработените и на посетителите, пренесува Катимерини.

Треба да се напомене дека Грција денеска и утре минува низ најлошите 48 часа топлотен бран, а се очекува температурите да достигнат и до 43 Целзиусови степени во некои делови од земјата.

Надлежните се во зголемена готовност и поради шумските пожари кои секое лето ја оптоваруваат Грција, пишува порталот.

На почеток