Кинески државјанин паднал во Дунав во Нови Сад: Потрагата по него е во тек
Кинески државјанин исчезна денеска во утринските часови кога падна од понтон во вода на градилиштето на новиот мост на продолжението на Булевар Европа во Нови Сад.
Според непотврдени информации тој паднал во вода и не испливал.
Драма се одвива во Нови Сад бидејќи кинески државјанин кој работел на градилиштето на новиот мост на продолжението на Билевар Европа паднал од градилиштето во вода околу 9:30 часот.
Како што е познато, пожарникарите излегле на лице место, но набрзо си заминале бидејќи не можеле ништо да направат.
Полицијата е на терен, а се чека и пристигнувањето на нуркачкиот тим на жандармеријата бидејќи човекот не испливал по падот, пишува Телеграф.