Пожар кај граничниот премин „Богородица“, границата е затворена
Од
Објавено на
Пожар над граничниот премин „Богородица/Евзони“. Пожарот избувнал на грчката страна, преминот е целосно затворен и не работи.
На местото на пожарот први пристигнале пожарникарите од Гевгелија, а во моментов грчките пожарникари го гаснат со хеликоптер.
Вработените на границата се евакуирани.
Од грчката страна, сообраќајот е запрен до Поликастро. Возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.
На преминот неколку возила останале заглавени, влегле пред да избувне пожарот денеска напладне. Во моментов колоната е до Гевгелија.