Рекорд: Највисоката цена на златото во историјата
На повеќето азиски берзи цените на акциите денеска паднаа, а благо падна и вредноста на доларот во однос на кошничката валути, додека цената на златото достигна историски максимум.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден.
Победата на Трамп може да доведе до нов трговски конфликт меѓу Белата куќа и Пекинг, како што беше случајот во неговиот прв мандат. Трамп утрово предизвика и остар пад на цените на акциите на берзата во Тајван, бидејќи во интервју за Bloomberg BusinessWeek ја доведе во прашање поддршката на САД за таа земја, велејќи дека Тајван треба да плати за заштита на САД.
Не е јасно што сакаше да каже со тоа, но пазарите стравуваат дека ако победи на изборите, Трамп дополнително ќе ја заостри својата и онака остра трговска реторика. Останатите берзи во регионот го следат вчерашниот раст на Волстрит, па цените на акциите во Австралија достигнаа рекордни нивоа, а во Нов Зеланд највисоките нивоа во последните две години.
„Вреди да се забележи фактот дека златото наоѓа поддршка во различни услови оваа година. Не сме сигурни како цената ќе се движи во наредните месеци, но може да се скрши над 2.500 долари за унца“, вели Вивек Дар, стратег во Комонвелт банка. на Австралија.