Актуелно

БиХ продаде повеќе од еден тон златни резерви; Гувернерот: Не можете да заработите пари од злато

Централната банка на БиХ продаде повеќе од еден тон монетарно злато поради падот на цената на тој благороден метал, за да ја зачува монетарната стабилност на земјата.

Гувернерот на Централната банка на Босна и Херцеговина, Сенад Софтиќ, ги потврди неодамнешните пишувања во медиумите дека е продадено повеќе од еден тон монетарно злато, пренесува Пословни дневник.

„Инвестираме на безбеден начин, што е случај и со неодамнешната продажба на злато“, рече Софтиќ. Тој објасни дека од март годинава и агресијата врз Украина, цената на златото паѓа, што е исто така резултат на зголемувањето на каматните стапки на ЕЦБ.

„Можете да имате камата и да заработувате пари на обврзници или хартии од вредност, но не и на злато. Затоа се одлучивме на тој потег“, објасни тој.

Централната банка на Босна и Херцеговина управува со вкупно 8,19 милијарди евра девизни резерви и три тони монетарно злато. Дел од тие пари (2,17 милијарди евра), како и останатите девизни резерви, се чуваат во хартии од вредност во странство.

По продажбата на повеќе од еден тон, монетарното злато сега изнесува помалку од еден процент од вредноста на девизните резерви на БиХ.

На почеток