Обвинителството на БиХ нареди приведување на Додик


Обвинителството на БиХ издаде налог со кој се наредува приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, потоа премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, заради сослушување.
Додик, Вишковиќ и Стевандиќ треба да бидат приведени од правосудната полиција.
Обвинителството ги товари за сторено кривично дело нарушување на уставниот поредок.
Бидејќи тројцатс не одговориле на претходната покана за распит, ако не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги приведе, вклучително и Граничната полиција.
Додик беше осуден во прв степен пред Судот на БиХ на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на високиот претставник, властите на ентитетот усвоија низа неуставни закони.
Упорноста на неуставните одлуки во РС е напад врз уставниот и правниот поредок на БиХ.
На 27 февруари Националното собрание на РС усвои, а на 5 март Додик го потпиша указот за прогласување на законот, кој се однесува на забраната на активностите на судските и истражните институции на Босна и Херцеговина на територијата на РС.Додик рече дека законите ќе се спроведуваат.
Последните закони наидоа на целосна осуда ширум светот, од американскиот државен секретар Марко Рубио, до генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
